Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на коалицијата предводена од оваа партија во ИЕ 4, Александар Николоски најави подобри времиња за македонското земјоделство.

Како што истакна во денешната видео порака, на нашите полиња работи вреден и чесен народ кој живее од својата мака и труд.

 Почит за житарите кои од утро до мрак неуморно се трудат за најдобриот леб на светот. За лозарите кои ја знаат тајната на најдоброто вино. За тутунарите кои од бели мугри се мачат за да ја прехранат фамилијата. За градинарите без кои нема здрава нација. Почит за сите земјоделци кои се нашите херои. На македонските полиња работат вредни, неуморни и чесни луѓе кои секоја година знаат што значи да се обнови родот. Да се обнови семето за да се жнеат плодовите на макотрпната работа. На македонските полиња доаѓаат подобри времиња за сите земјоделци. Време во кое секој ќе може да исправи гордо, да е задоволен и платен за сработеното, да биде почитуван, рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.