Намената на фотоволтаиците е за Источна Македонија, за што има докази дека владата во заминување на Заев ги делела по премиум тарифа или електричната енергија произведена од нив да се откупува по повисока цена, а истата треба да ја добие компанија чиј управител е од Бугарија со сомнително бизнис потекло, а работи и со марихуана – рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на радио Лидер.

Според него за ова има документација.

Тоа е вистината. Но, очигледно е ова направено на одење. Некако тивко, што кажува дека се обидуваат да ќарат на одење и на бегање, вели Николоски.

Тој објасни и дека состојбата со енергетиката е катастрофална.

ЕЛЕМ не понуди следната година преку ЕВН да ја продава електричната енергија што значи дека од први јануари да нема електрична енергија. Не достави понуда затоа што не можат да произведат за 12 месеци следна година, туку за 10 или читајте за 6 бидејќи лажат. Така што Македонија е пред сериозна енергетска криза, бидејќи компаниите плаќаат 4 до 5 пати повисока струја или ако просечна компанија плаќала по 10 илјади евра сега плаќа по 40-50 илјади евра, а ќе го осетат граѓаните кога компаниите ќе почнат да ги отпуштаат бидејќи нема да можат да ги издржат трошоците – рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.