Невремето од 21 јуни годинава кое зафати седум населени места во прилепско направило штета од 61 милион и 347 илјади денари. Ова е проценетата штета што ја пресметале комисиите, а прилепските советници го усвоија извештајот.

Од невремето беа погодени населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач, како и неколку парцели од Веселчани, Подмол и Шелеверци. Беше зафатена површина од 1.085 хектари, а најпогодени беа површините со јачмен, компири, лешници, дињи, пченица, пченка, сончоглед и со тутун.

До комисијата за проценка на штети биле поднесени 279 барања од кои 11 се отфрлени како некомплетни.

Извештајот треба да биде доставен до второстепената владина комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.