Квази мерките на СДСМ оставаат илјадници граѓани без приходи. 33.000 работници во секторот туризам и угостителство, каде спаѓаат : хотели, ресторани, кафеани и кафулиња нема да добијат помош од државата за исплата на плата. Наместо со реални мерки, СДСМ ги залажува граѓаните со импровизации. Мерките кои ги предложија стартуваат од април, март е непокриен, а тоа е месецот во кој почна кризата, реагираат од ВМРО ДПМНЕ на пакетот-мерки на владејачката СДСМ.

Според најголемата опозициска партија, квази-мерките на СДСМ се по принципот ,,Колку да се каже нешто”.

Апелираме да ја надминат својата суета и надменост и да ги прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ за национален спас. Владата под итно да покрие 50 отсто од платите на работниците. Не смее да се земаат пари од оние кои немаат. Власта да ги скрати непродуктивните трошења кај сите буџетски корисници и средствата да се пренасочат за здравството. Реализацијата на капитални инвестиции не смее да запре. Сите планирани инвестиции да се реализираат, со цел да се помогне на индустријата и градежништвото. Потребни се реални мерки и решителни чекори, а не импровизации, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.