На денешната седница антикорупционерите уште еднаш ги нотираа слабостите кои ги има системот за вработување, а особено Агенцијата за привремени вработувања кои индиректно овозможуваат непотизам и можност за влијание на актуелните функционери. Антикорупциска за случајот на министерот за економија Крешник Бектеши, каде се споменува вработување на неговата шурнајка во ЕЛЕМ, се прогласи исто така за ненадлежна бидејќи не може да постапува, со образложение дека не се работи за близок член на семејството.

Ова работно место предвидува, вршење работи од  домен на работни односи, кадровска евиденција, ги следи и проучува и применува законските прописи, учествува во проблематика на осигурување и надомест на штети, што се доведува во прашање способноста како може приправник без работно искуство да ги врши сите овие активности, рече Катица Николовска, член на ДКСК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.