Македонија денес се задолжи 8.1 милијарда денари за да може да се раздолжи утре. Нема никакво враќање пари во стопанството како што пишува во соопштението од Министерството за финансии. Ова е лажно претставување на фактите, бидејќи парите ќе се вратат на финансиските институции (банките), реагира дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

МФ и Владата не мислат на стопанството, да мислеа немаше данокот на добивка и понатаму да паѓа, односно стопанството и понатаму да тоне. Само од јануари до денес нето задолжувањето изнесува цели 52 милиони евра. Oва е моменталната ситуација во државата: Државата се задолжува, капиталните инвестиции се на рекордно најниско ниво, што значи имаме непродуктиви трошења. Понатаму, она што треба да биде двигател на економијата, а тоа е бизнисот или стопанството, секој ден бележи се полоши резултати за што доказ е и данокот на добивка, кој има помала реализација во однос на лани за 17,75% (јан-фев 2020/2019), се наведува во соопштението.

Посочуваат дека данокот на добивка не е остварен за 27,01% во однос на планираното (јан-фев 2020).

Како ќе се раздолжуваме и ќе реализираме капитални инвестиции, ако не можеме да си го оствариме она што е планирано?!, прашува Гордана Димитриеска – Кочоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.