Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) како институција која максимално се вложува, особено во последните година и половина, се со цел заштита на здравјето на населението, чувствуваме потреба на јавноста да и укажеме дека по тринеделните непрекинати контроли врз правните субјекти кои вршат увоз, производство и продажба на мазут, нафта и нафтени деривати, и по изречените времени мерки на оние правни субјекти кај кои се утврдени неправилности, а мерките се времена забрана за вршење трговија или времена забрана и пуштање во промет, информираат од ДПИ.

Согласно, изречените санкции, на бензинските пумпи каде се извршени контролите и се земени примероци на бензин и дизел, од добиените резултати анализите покажаа дека кај дизелот нема утврдено отстапки од квалитетот согласно Правилникот, додека пак кај две бензински пумпи, првата анализа покажа незначителна отстапка во еден параметар

Во тек е втора анализа, па по добиените резултати ако има потреба ќе се направи и трета. Но, јавноста треба да знае дека во овој период додека се вршат контроли и анализи на бензинските пумпи каде овие отстапки во параметрите се утврдени, на истите им е изречена забрана за точење на бензин супер 95, се до добивањето на конечни резултати од анализата.

Што значи, дека секаде каде се утврдени дури и незначителни отстапки од граничните вредности на параметрите на гориво, истите се забранети за употреба и пуштање во промет. Горивото кое во еден параметар одстапува не е дозволено да се продава и нема место за создавање паника дека и понатаму се продава истото.

Контролите и понатаму продолжуваат, нагласуваат од ДПИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.