Регулаторната Комисија за енергетика подготвува нов правилник со кој сите инвеститори кој ќе сакаат да градат нема да може да почнат ако во дозволата за градба немаат наведено дека објектот ќе биде приклучен на парно.

Според Бислимовски земјава е увозно зависна и 20-30 проценти од струјата е увезена и затоа треба паметно да ја користиме и наместо на струја новите објекти да користат парно за греење.

Посочи дека и оваа грејна сезона парното останува кај бег, а во следниот период ќе се разгледува барањето на Град Скопје.

Од МЕПСО тврдат дека мрежата е стабилна и со мерката со која се субвенционираат инвертери нема да има преоптоварување на мрежата.

извор: Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.