Мерките кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, а кои требаше да ги преземе Град Скопје изгледа како да не сте ги ни слушнале. А ако е така, тоа е жално, рече Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија 21 обраќајќи му се на градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов кој беше дел од дебатата.

Нелоски се осврна на повеќе мерки предложени од ВМРО-ДПМНЕ, а кои требаше да ги спроведе Град Скопје.

Во економскиот дел, Град Скопје требаше сметките за вода да ги намали за 50 проценти. Град Скопје е одговорен за угостителските објекти, паушалот за терасите можеше да се укине со уредба на влада . Ова се дел од предложените мерки, а Шилегов немаше никаков слух, рече Нелоски.

Тој укажа дека ќе има големо задоволство ако Град Скопје има слух барем за некои од мерките.
Нелоски информираше дека ВМРО-ДПМНЕ има предложено 15 мерки, а тука е и за велосипедистите, за пренаменување на патеки за нив, освен оние за угостителски објекти и слично.

Аргументот дека тоа не е во надлежност на Град Скопје е неприфатлив. Градоначалникот има контакти со надлежни и од јавни претпријатија и може да направи нешто, рече Нелоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.