На гласачи на одредени политички партии им е дозволено да не плаќаат струја не само во одредени општини, туку и во цели региони за партијата да остане на власт, вели Марјан Ненов од организацијата Но пасаран во гостување во емисијата Стадион на Радио Канал 77.

Ненов вели дека тоа е политичка корупција која сите ние останати ја плаќаме преку мрежарината, која е за 1,5 пати повисока од цената за киловат час електрична енерегија.

Како што обајсни Ненов, не е само Арачиново случај каде не се плаќа струја, има цели региони, но тоа се става под тепих, како што е факт дека има дуќани без фискални апарати кои се нелојална конкуренција и ги уништуваат чесните дуќанџии.

Тој нагласи дека цената на мрежарината е 5 пати поевтина во земјите во регионот отколку кај нас, бидејќи овде таа е начин да се надоместат загубите од неплаќачите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.