Гасификација или топлификација на Битола преку РЕК – два процеси кои се паралелени, а не контрадикторини еден со друг, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕХристијан Мицкоски, кој вчера пред битолскиот митинг беше гостин во ТВ Тера од Битола.

Пазарот ќе констатира кое е подобро решение и граѓаните сами ќе изберат. Се што ќе значи намалување на ПМ честичките, намалување на сулфурот во воздухот во Битолско и Пелагониско, ќе значи само додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните. Само нека работат, само нека ги донесат тие проекти во Битола. Тоа што сме го почнале, не мора ништо да измислуваат и онака не се кадарни да смислат друго. Тоа што сме го почнале тоа нека го донесат, посочи Мицкоски.

Мицкоски зборуваше за состојбата во РЕК.

Им оставивме милијарда и петстотини милиони денари, тоа го потвдри и директорот на ЕЛЕМ. Им оставивме готови проекти, им оставивме се. Две години потоа што се случува? РЕК сега еднаш месечно излегува од погон. Се сеќавате на оние театрални прес-конференции на Васко Ковачевски? За да денес биде чест посетител на плажите на нашиот јужен сосед или со професионални фитнес тренери неговото семејство на дневна основа се занимава, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.