„Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ затоа што не им одговара на сите.

На барање на трговците и дел од занаетчиите, нема да важи за туристичките места. Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Трговците бараат законот да се смени и да можат да работат во недела особено сега, за време на летната сезона.

Бектеши веќе предложил до Собранието измени за Законот за трговија, со кои се дозволува работа во неделите и празниците во туристичките места.

Постојат дејности кои се под занаетчиство, тоа се фризери и шминкери. Нивната дејност е поврзана со свадби и прослави. Посебно шминкерите работат единствено во сабота и недела. Останатите денови тие речиси и немаат работа. Ако не ја работат неделата практично би требало да не работат воопшто. Требаше добро да истражат и да направат категории. Не може се во еден кош, ова е ставот на дел од занаетчиите во оваа сфера кои исто така бараат да бидат изземени од законот за недела-неработен ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.