Владата денес ќе се задолжува за нови 61,7 милиони евра. На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.800.000.000 денари или 61. 7 милиони евра.

Според експертите, Македонија енормно се задолжува додека капитални проекти кои се од стратешко значење, а воопшто не се градат. За тоа зборуваат и катастрофалните податоци на Министерството за финансии за реализацијата на капиталните инвестиции кои заклучно со месец јули изнесуваат едвај 24,5 отсто.

Владата ветуваше дека ќе ги намали задолжувањата, но наспроти тоа континуирано ги зголемува, што според економистите е лошо. Поради тоа експертската јавност предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 отсто од БДП.

Истовремено и опозицијата критикува дека задолжувањата ја преминаа секоја нормална граница и дека вкупно задолжувањата достигнаа огромни 600 милиони евра.

Инаку, вкупното задолжување на Владата само за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 287,4 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.