Службеничка во филијалата на Шпаркасе во Битола одбила да му отвори сметка на композиторот Миодраг Неќак откако загележала дека е роден во Санкт Петербур, Русија.

За понижувањето композиторот ја раскажува на Фејсбук, а Република иако побара одговор од банката дали се работи за изолиран случај или за политика на бакната, не доби одговор до крајот на работниот ден.

Неќак раскажува дека е роден пред 54 години. Во тоа време татко му студирал таму и Миодраг случајно е роден во овој руски град. Во Русија останале до дипломирањето на татко му, а потоа се вратиле и оттогаш живее во Битола.

Влегов во банката и побарав од службеничката да ми отоври трансакциска сметка за физички лица. Таа ми ги образложи условите, јас ги прифатив и почна постапката. Кога дојде пред крај, кога стаса до моето место на раѓање таа ми рече: „Се извинувам, сега го забележав местото на раѓање. Не смеам да ви отворам сметка бидејќи вашето место на раѓање е Русија”. Ми ја врати личната карта и со нетрпение чекаше да ја напуштам банката. Требало дополнителни проверки, бидејќи сум роден во Русија. Но, и тие не сакаше да ги направи, буквално брзо ме избрка. Никогаш во животот не сум почувстувал понижување од овој вид, вели тој за ММС.

Sparkasse експозитура – филијала БИТОЛА.
Денес се обратив за трансакциска сметка за физичко лице.
Sparkasse експозитура – филијала БИТОЛА.
Госпоѓата – госпоѓицата ми ги образложи условите.
Ги прифатив.
Ја започна постапката.
Стигна до местото на раѓање.
Санкт Петерсбург – Русија.
“Се извинувам, сега го забележав местото на раѓање. Не смеем да Ви отворам сметка бидејќи вашето место на раѓање е Русија”.
Ми ја врати личната карта и со нетрпение чекаше да ја напуштам банката.
Sparkasse експозитура – филијала БИТОЛА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.