Девизниот курс на денарот останува стабилен и нема да има промени во неговото ниво – велат од Народна Банка. Откако беше објавен текст дека се прогнозира девалвација на денарот, на социјалните мрежи се крена уште поголема паника дека девалвира денарот. Од Народна банка повторуваат дека не се работи за девалвација на денарот, туку се работи за прогнози на страниците за електронско тргување, што е наведено и во самата информација која е објавена.

НБРМ тврди дека централната банка располага со низа инструменти со кои ја гарантира стабилноста на денарот и дека девизните резерви што се клучни за курсот на домашната валута се одржуваат на високо ниво, што е двојно повисоко од нивото пред глобалната економска криза во 2008 година.

Тие за утре најавија поконкретна информација за стабилноста на денарот во овој период кога Македонија е во вонредна состојба поради корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.