Народна банка ќе ги преземе сите расположливи правни средства против сопствениците на Еуростандард банка АД Скопје за невистините и клеветите по донесување на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на Банката, соопштија денеска од НБРМ, без притоа да прецизираат што подразбира тоа.

Бизнисменот Трифун Костовски како главен акционер на Еуростандард банка вчера обвини дека случајот е „сценарио коешто е правено со месеци наназад за никој да не знае само блиски до тие кругови од НБ на време биле известени да си ги повлечат парите“ и најави тужба против државата и НБРМ пред меѓународен суд.

Од НБ денеска повторија дека сите мерки кои ги имаат преземено кон Еуростандард банка АД Скопје се за заштита на депонентите на банката и уверуваат дека банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен како и сите други банки и штедилниците.

Народната банка на 12 август ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка – Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.