РКЕ одлучи по две недели да ги зголеми цените на горивата. Се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41%, односно за 2,60% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 21.01.2019 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 31,121 ден/кг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.