Министрите во Владата на денешната седница донесоа Одлука за намалување на увозните давачки – царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи, соопштија од прес-службата на Владата.

Со оваа одлука се прифати увозните давачки – царинските стапки за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи во период од една година да се намалат на нивото на царинските стапки кои се применуваат при увоз на овие производи во земјите членки на Европската Унија, со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи, информираат од Влада.

Причина за ваквото намалување на увозните давачки – царинските стапки на овие производи, како што појаснуваат од Влата, е што овие производи не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз, а нивните царински стапки во увозот во Република Северна Македонија се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи во примена во Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.