20% од Македонија од на продажба и тоа станува збор за најквалитетното земјиште што го поседува Македонија и што до сега беше на сите жители што живеат во Македонија, пишува Земјоделие.мк

Заев ќе продава 300 000 хектари од Македонија. Прилив на 500 до 600 илиони евра во јавните каси ќе се овозможи од оттуѓување на државно земјоделско земјиште.  Голем дел од овие средства ќе бидат наменети и за буџетите на општините, вели премиерот Зоран Заев. Другиот дел за кого ќе биде наменет?

Земјоделското земјиште кое што го оттуѓуваме сакаме огромен процент од него да дојдат како изворни приходи на општините. Токму овие големи приходи од вкупно два милиони хектари во државата, од 200-300 илјади хектари со оттуѓување ќе значат петстотини-шестотини милиони евра пари кои што континуирано низ месеци, низ полугодија, ќе влегуваат во јавните каси, голем процент сакаме да оди токму во општините, рече Заев.

Продажбата на државното земјоделско земјиште ќе почне во втората половина на 2021 година. Претходно ќе треба да се донесат неопходните законски измени. Најмалата површина која ќе може да се купи ќе биде 10 хектари.

Продажбата на земјоделско земјиште, само ја потврдува изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими кој пред некое време изјави дека ” Мора да се продава државен имот, бидејќи нема простор за задолжување “.

Ќе се “офајди” ли некој од овој план за продажба земјоделското земјиште во Македонија?

Зашто ова Земјоделско земјиште не биде поделено на жителите на селата, кои што ќе се здружат во Земјоделски задруги и им бидат одобрени поволни кредити кои што ќе ги гарантира државата?

Зашто сопственоста на ова земјиште не се подели на сите граѓани во акции а не да биде продавано на којзнае какви ликови а со парите од продажбата да раководат локалните партиски моќници за кои што веќе цел свет знае дека се лидери во корупција и криминал.

Дали е ова крајот на традиционалните земјоделци и почеток на доаѓање на белосветски криминалци и домашни бандити кои што ќе ја присвојат земјата што им припаѓа на сите нас?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.