Фирмите „Д-р Пановски“ и „Феникс фарма“ добија најголем дел од големиот тендер вреден 26 милиони евра за набавка на инсулин, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи за периодот септември 2018 – септември 2020.

Иако договорите се склучени во декември минатата година, истите до Бирото за јавни набавки биле доставени дури вчера откако редакцијата на „Макфакс“ ги побара од Министерството за здравство, а на веб-страницата на електронскиот систем за јавни набавки беа објавени денеска.

Од вкупната сума од 1 милијарда 648 милиони и 735 илјади денари, најголем дел доби „Феникс фарма“. односно 586 милиони и 219 илјади денари или 9.5 милиони евра. „Д-р Пановски“ доби втор најголем дел од колачот, 407 милиони и 730 илјади денари или 6.6 милиони евра. Понатаму следуваат фирмите „Фарма трејд“ со 3.5 милиони евра, „Промедика“, 1.9 милони евра, „Фармас МН“ 1.4 милиони евра, „Зегин“ 89 илјади евра и фирмата „Хоссам“ 50 илјади евра.


Целиот текст на Макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.