Најдобар пример колку Владата реализира капитални инвестиции е автопатот Кичево – Охрид кој за четири години сеуште не е направен, вели Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа потсети дека граѓаните имаа можност да видат летово колку и како се работи на автопатот, иако власта до сега во овие четири години можела да ги поправи сите грешки доколку ги имало и автопатот да е завршен.

Ако земеме да ги гледаме капиталните расходи како процент од вкупните расходи тие во минатото биле секогаш над 10 %, откако е СДСМ на власт се под 10%, значи 2018 година биле 6,1%, 2018 година биле 8,2% итн., појасни Димитриеска Кочоска.

Октомври 2020

Власта ги врти парите и ги прикажува како капитална инвестиција, а граѓаните немаат реална слика за колку точно расходи се реализирани во државава, па во последните два месеци од годинава имаме дупло поголема реализација.

Прашањето е како реализирала власта толку капитални расходи само за два месеца. Владата ги држела парите на бизнисмените претходната година, 84 милиони евра има реализација во декември, а во период од јануари до ноември биле реализирани 16 милиони евра, сега или има примери како Градска куќа со кои пумпаат износи или лажно се прикажуваа одредени активности како гребење на асфалт како капитални инвестиции, што во економијата се познати како одржување не како инвестиција, појасни Димитриеска Кочоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.