Mногу сум против тоа да се поставуваат деца без никакво искуство со администрација на високи функции во власта, вели професорката Мирјана Најчевска за новопредложената Нина Ангеловска, која треба да застане на чело на Министерството за финансии.

Според Најчевска, поранешниот министер Драган Тевдовски беше разрешен само затоа што не му се допаѓал на Кочо Анѓушев.

Не. Лошооооо. Имавме супер министер за финансии кој беше разрешен затоа што не му се допаѓаше на Анѓушев. Не ни треба дете кое му се допаѓа на Анѓушев. И многу сум против тоа да се поставуваат деца без никакво искуство со администрација на високи функции во власта. Ова сум го рекла пред 24 години и го кажувам повторно. Сите оние за кои ова го кажав пред 24 години само ги потврдија сите мои аргументи, вели Најчевска.

Предлогoт на Заев нов министер за финансии да биде Нина Ангеловска денеска беше доставен до парламентот.

Ангеловска е ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“. Од 2016година е доктор на науки по менаџмент, а во 2010 година дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје како студент на генерација.

Ангеловска во 2018 година беше вброена од „Форбс“ во „Топ 30 под 30“ – триесетте најуспешни лица помлади од 30 години во Европа во продажба (е-комерција).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.