Над 3,5 илјади лица останеле без работа само во јуни. Корона кризата и затворените капацитети ги билдаат бројките на невработени во Агенцијата за вработување. Најмногу отпуштања има во производствениот сектор. Следат трговијата на големо и мало, па угостителството.

Билјана Јовановска, директорка на Агенцијата, во изјава за Сител вели дека точнаа бројка е 3 656 лица.

Сепак, Јовановска уверува – на најголем дел од овие лице им истекле договорите за работа. Дел потпишале спогодбен отказ, а некои сами си дале отказ. Согласно Уредбата на Владата сите кои останале без работа за време на корона кризата, имаат право на паричен надомест. Денеска им биле исплатени речиси 2 милиони евра на скоро 10 илјади невработени. Инаку од стартот на корона кроизата, заклучно со јуни без работа останаа 18,5 илјади лица. Најмногу отпуштања имаше во мај – 7,000, во април 6,000, додека 2,000 лица го загубија работното место кога почна кризата, покажуваат бројките на Агенцијата за вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.