Над 25.000 работници во земјава се уште не ја зеле мартовската плата- покажуваат податоците на Управата за јавни приходи кои ги побара Телма. Биле вработени во речиси 11.000 фирми. Или секоја седма активна фирма во земјава, ги има околу 70.000 – нема исплатено плата за март – иако законски таа треба да легне на сметките на вработените најдоцна до 15 април..

ЗА МЕСЕЦ МАРТ 2022 ГОДИНА, СО СОСТОЈБА НА ДЕН 03/05/2022 ГОДИНА  ВКУПНО 10.927 РАБОТОДАВАЧИ ИМААТ НЕПЛАТЕНИ, НЕПОДНЕСЕНИ И НЕПРИФАТЕНИ МПИН ПРЕСМЕТКИ ЗА ВКУПНО 25.085 ВРАБОТЕНИ, СООПШТИЈА ОД УЈП. 

Фирмите кои не исплатиле плата на  вработените се од најразлични дејности. Има газди на  ресторани и објекти за подготовка на храна, од трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун, транспортни фирми, фризерски и салони за разубавување, адвокати.

Од УЈП велат веќе доставиле опомени до нив, ќе ги чекаат до 13 мај, па ќе им ги блокираат сметките и ќе извршат присилна наплата.

Но за  работодавачите тоа што над 25.000 работници се уште не зеле матровска плата е очекувано, со оглед на крризата и порастот на минималецот на 18.000 денари. Велат драстично им се зголемени трошоците. Очекуваат да расте бројот на фирми кои набрзо ќе стават клуч на врата, но и на работниците кои ќе останат без работа.

ТРИ ДО ЧЕТИРИ ПАТИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА, ТАКА ШТО ВО МАРТ ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА ШТО НИЕ ЈА ПЛАТИВМЕ БЕШЕ 309 ЕВРА, А ЛАНИ ПЛАЌАВМЕ 79 ЕВРА ЗА ЕДЕН КИЛОВАТ. СИГУРНО ИМА ОДРЕДЕНО ВЛИЈАНИЕ ВИСОКИОТ РАСТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА. ТУКА НЕ СТАНУВАШЕ ЗБОР ЗА 2, 3, 5 ПРОЦЕНТИ ТУКУ СТАНА ЗБОР ЗА 28%.

-ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НЕМА ДА ИМ ИСПЛАТУВААТ ПЛАТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ?

СЕ НАДЕВААТ ДЕКА ДОКОЛКУ ИМААТ ОДРЕДЕНИ НЕНАПЛАТЕНИ ПОБАРУВАЊА ИТН. ДЕКА ЌЕ ИМ НАПЛАТАТ ЌЕ СОБЕРАТ ПАРИ ЗА ДА ИСПЛАТАТ ПЛАТА. НО ДЕЛ ОД ТИЕ КОМПНАИИИ НАЈВЕРОЈАТНО ВО ИДНИНА ГИ ЧЕКА ЗАТВОРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ, СТЕЧАЈ И ЛИКВИДАЦИЈА. ТАКВИТЕ ОБВРСКИ ЗА ПЛАТИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВО СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА НА ТИЕ КОМПАНИИ, ВЕЛИ ДИМИТРОВ.

Претходно пак податоците на УЈП покажаа дека 13.444 работници за март не го зеле законски загарантираниот минималец  од 18.000 денари. Најголем дел од нив нив биле вработени во приватните фирми, а околу 2.000 работеле државно. Од трудовиот инспекторат веќе прават  контроли. Но дали и колку компании казниле – ќе објават на крајот на месецов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.