Во екот на корона-пандемијата македонската економија доживува голем удар. Справувањето со економските последиците од пандемијата според сите домашни и надворешни извештаи оди тешко, дополнително и фактот што нема странски инвестиции, што претставува дополнителен удар за македонската економија.

Македонската економија има пад од 4,9 отсто. Јавниот долг се искачи на историски 60,7 проценти од БДП со што се надмина критичната границата според европските критериуми. Земјава должи 6 милијарди 571 милион евра. За само шест месеци од пандемијата, јавниот долг порасна за над 1 милијарда евра или за 9,3 проценти.

Компаниите се жалат дека последните месеци едвај успеваат да работат, да ги задржат вработените, со намален капацитет. Во изминатиот период без работа останаа 40 илјади луѓе од почетокот на кризата до денес.

Четитрите пакет мерки на Владата за справување со економиските последици од кризата се чини не го даваат посакуваниот ефект. Дел од бизнис секторот и Стопанската комора ги критикуваат мерките дека се задоцнети, ненаменски и нефункционални.

Концептот на Владата за преживување на економијата засега со буџетски средства го покрива и приватниот сектор, субвенционира плати, и дава еднократна помош. Отаму пари и средства и за пензионерите. Дел од домашните фирми колабираа – други поделија откази на вработените. Нема капитали инвестиции ниту пак инфраструктурни проекти.

Се поставува прашањето дали Владата има стратегија во економијата? Дали власта спроведува социјални или економски мерки? Каде се странските инвеститори?

Премиерот Зоран Заев во предизборната кампања ветуваше странски инвестици но се уште нема ништо од најавените странски инвестиции. Нема капитални инвестиции, нема ниту големи проекти а ниту инвестиции во инфраструктурата со што би заживеала економијата.

Покрај тоа во изминатриот период две фабрики ја напуштија Македонија. Владата за помалку од еден месец раскина два договори за долготраен закуп на градежно земјиште под поволни услови со странски инвеститори преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Владата раскина договор за закуп на земјиште во Бунарџик со две странски компании за еден месец. Ова е прв пат до сега од страна на државата да се раскинат договори за закуп на земјиште со странски инвеститори, а тоа сега се случува на два пати во текот на минатиот месец.

Пред неколку недели Владата даде дозвола на Дирекцијата да го раскине договорот со фармацевтската компанија Саген, кој требаше да инвестира 20 милиони евра во Илинден. Со албанскиот инвеститор беше потпишан договор во 2018, кога на прес-конференција беше објавено дека ќе вложува во две фази и дека ќе отвори 300 работни места. Подоцна имаше и свечен чин на отпочнување на изградбата со владини претставници.

Две недели претходно беше одлучено да се раскине и договорот со Кеслер. Германската компанија која во Бунарџик најавуваше 150 висококвалификувани вработувања во Бунарџик најверојатно останува да произведува електромотори во изнајмениот објект во Илинден. Договорот со Кеслер беше постигнат на крајот на 2017 а беа најавувани 150 вработувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.