Рамковните вработувања ќе останат нерешлив проблем и наредните години. На Владата не ѝ се брза над 1.300 луѓе кои седат дома и земаат плата да ги натера да одат на работа. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи го одложи нивното вработување за периодот по завршување на ковид кризата и покрај тоа што не се знае уште колку таа ќе трае.  Вели сега не било време да се зборува за нивно вработување во некоја од државните институции.

Денеска не треба да зборуваме во време на пандемија, во време на загрозеност на секое едно работно место, да зборуваме за црни сценарија, ќе го преминеме овој период, и мислам дека во првиот ден, кога ќе дишеме слободно, без маски, ќе почнеме да зборуваме за решавање тој горчлив проблем кој што сите го зборуваме веќе неколку години, изјави Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Пред заминувањето министерот за администрација Дамјан Манчевски уверуваше дека интензивно се работи и дека процесот на вработување на луѓето кои седат дома, а земаат пари ќе заврши најдоцна до Нова година. Ако тие не сакале да работат, ќе биле избркани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.