Буџетот на министерството за транспорт и врски предвидува околу 300 милиони евра (1 милијарда и 800 милиони денари) за 2021 година наменети за изградба на пругата на Коридорот 8, што води кон Бугарија. Очекувањата на Министерството се дека во првиот квартал следната година ќе биде избран изведувач за првите две делници од оваа пруга.

Следната година ќе го објавиме тедерот за изградба на двете фази, првата од Куманово до Бељаковце за преостаниот дел што остана недоизграден и за втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. Постапката за избор на изведувач за двете делници ќе се одвива во еден тендер. Исто така, ќе продолжиме со одржување на железничката инфраструктура на Коридор 10, рече Бочварски.

Тој вели дека ќе биде задоволен доколку во првиот квартал успеат да изберат изведувач на пругата кон Бугарија, комплексен проект чии три фази чинат околу 600 милиони евра.

За првите две фази  сакаме да распишеме еден тендер и притоа да избереме изведувач. Посакуваме тоа да биде силен изведувач којшто ќе може да се зафати и да ги работи овие работи. Се работи за комплексна пруга.  Само за втората и третата делница  треба да бидат изградени 91 мост и 32 тунели. Самиот граничен премин се наоѓа во тунелот. Се работи за сериозен проект од околу 600 милиони евра коишто треба да бидат наш приоритет и во наредниот период – вели Бочварски.

Тој објаснува дека се изработени физибилити студии, проектна докумнетација и основен проект, врз база на кооишто е утврдена вредноста на трите фази од проектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.