Граѓани и невладини еколошки организации постојано алармираат, но без резултат. Со недели, па и месеци трае палењето на трските, посебно во струшкиот регион. Од патот кон Охрид , па сѐ до Калишта, горат трските , а со нив и сиот жив свет во нив.

Институциите молчат. Локалните самоуправи, посебно онаа во Струга на чело со градоначалникот Рамиз Мерко со молчењето практично го одбруваат палењето.

На централната власт се чини овој дел од Македонија и е далеку , па не се потресуваат и не преземаат ништо.

Во меѓувреме се чисти теренот за нови угостителски објекти и мотели.

 

извор.ако.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.