Повеќе од 2.000 стопанственици, членки на Стопанската комора на Македонија, кои викендов во Србија се вакцинираа против Ковид-19 со вакцини од „АстраЗенека“ ќе имаат ревакцинација на 19 и 20 јуни 2021.

Ова е прва ваква акција. Ја организиравме со поддршка на Стопанската комора на Србија во рамки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) – истакнуваат од Комората.

Според Стопанската комора, за време на вакцинацијата се поминало во најдобар ред, а македонските стопанственици, и покрај големиот број граѓани кои вчера дошле непријавени за вакцинација, завршиле со имунизација до 20 часот.

Во оваа прва акција практично овозможивме вакцинирање на членките кои се дел од органите и структурите на управување на Комората, а бројот на вакцини го определи српската Комора за секоја од коморите-членки на КИФ – нагласуваат од Стопанската комора на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.