Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и Општина Сарај по две и пол години се усогласија за управувањето со Матка. На 17 октомври ќе се расправа за Нацрт-законот за Матка, што ќе биде репрогласен за заштитена зона и ќе биде направен план за негово управување.

За жал траеше подолго од тоа што сакавме, но сега имаме позитивно мислење и од Град Скопје и од Сарај. Ќе има план за управување со Матка. Ќе имаме јавна расправа во која зона што ќе биде можно, исто така како што имаме во Националните паркови“, појасни денеска на средба со новинарите министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и упати барање до надлежните институции да најдат решение за дивите градби на Матка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.