Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед.

Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење.

Министерството за земјоделство и Минстерството за економија доставија Одлука за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки, со која предложија до Владата ограничување на извозот на нова тарифна ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени. Рокот на примена на овој тарифен број ќе продолжи да важи до 31 декември 2022 година, како што е уредено во Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки од 20 јули 2022. Причината за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки со тарифната ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење, наведуваат од МЗШВ.

Во изминатиот период во МЗШВ беа одржани состаноци со производители и откупувачи на сончоглед при што беше заклучено дека во државата има доволни количини и финансиски средства за откуп на сончогледот од регистрираните откупни претпријатија.

Во 2022 година очекуваме производство на 11 800 тони сончоглед и имаме доволни количини за покривање на 2 месеци од домашните потреби. Со цел поддршка на производството на сончоглед, МЗШВ креираше неколку мерки. Прв пат оваа година преку интервентната програма се обезбеди финансиска поддршка за вештачко ѓубриво за сончоглед и тоа 40 отсто од цената или 2.500 денари по хектар како дополнителна мерка на основната финансиска поддршка по 11 000 денари на хектар без користење на сертифициран семенски материјал и по 15 000 денари на хектар со користење на сертифициран семенски материјал. Исто така, воведена е дополнителна мерка за произведен и предаден сончоглед со минимум 1 500 килограми за хектар во регистрирано откупно претпријатие, во износ од 5 760 денари за хектар, наведува Министерството.

Целта на овие мерки, потенцира, е домашното производство да се предаде на домашните откупни претпријатија.

Тоа ќе се реализира со оглед дека кај производството на сончоглед од оваа година стартуваше договорно производство, дополнува МЗШВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.