Финансиска полиција во моментот работи на три витални случаи, перење пари преку проектот „Скопје 2014“, работењето на актуелен министер и директори на неколку банки.

Финансиската полиција во моментов ја испитува работата на поранешен министер за култура, на министер и на две банки, изјави директорот на Финансиска полиција Арфат Муареми, кој гостиваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

– Повеќе од 200 милиони евра преку трансакции во и надвор од Македонија се исперени во 2013 година, а злоупотребени во изградба на зградите на Водовод, Државен архив и Филхармонија – рече Арафат во врска со финансиите од периодот на министерувањето на Елизабета Канческа-Милевска.

Тој додава дека отворен е процес на истрага и во Македонија и во друга земја и се проверува дали парите биле перени во Македонија. Доколку се потврди, ќе стане јасно дека се направени и фалсификат документи.

И актуелната власт не е имнуна на процесот перење пари, вели директорот на Финансиската полиција.

– Под лупа е актуелен министер, но истражуваме и во Министерството за култура – рече Муареми.

Муареми додава дека меѓу другото предмет на истрага е и проектот „Скопје 2014“.

Првиот човек на Финансиската полиција Арфат Муареми во синоќешното издание на „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно открива дека некои комерцијални банки давале незаконски кредити на неколку компании.

– Во тек е истрага врз директорите на банките кои давале кредити на приватни компании за личен профит – вели Муареми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.