Министерството за труд и социјална политика ја  извести јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега.

Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Македонија и Законот за заштита на децата на Република Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.

Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк.

По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност, соопштија од МТСП.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.