Со жалење ја информираме јавноста дека дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ креира упад во нормалното функционирање на МТСП раководено од министерот д-р Рашела Мизрахи. Санела Шкријељ вон законски рамки ја блокира работата на министерот во МТСП, го спречува нормалното функционирање на МТСП и нормалното движење на документите низ институцијата. Санела Шкријељ со нескриена партиска агенда врши притисок и мобинг врз вработените во МТСП, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од кабинетот на дополнителниот министер Рашела Мизрахи.

Последниот истап на Санела Шкријељ е директно влијание и забрана која излегува од законските рамки да спречи архивирање на документи потпишани од Министерот за труд и социјална политика и нивно понатамошно спроведување и постапување по нив во рамките на работата на МТСП. Сето ова го наметнува прашањето од што се плаши дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ и што е тоа што не треба да излезе на виделина? Ваквиот начин на функционирање е евидентен подолг период. Поголем дел од Центрите за социјална работа под МТСП извесно време функционираат со Вршители на должност на местото директори, преку овластувања издадено од претходниот Министер. За жал, со изгласување на новиот владин состав, односно со именувањето на Рашела Мизрахи за Министер во МТСП, како и на Санела Шкријељ како дополнителен заменик министер, одреден дел од ВД директорите создаваат дисфункција на системот со нивно отсуство, но и заради намерни пропусти и неизвршувањето на работните задачи. Зад сиот процес на создавање тешкотии во организацијата на севкупниот процес на работа, за жал стои политичка мотивација на дел од ВД директорите, но и евидентниот притисок од дополнителниот заменик министер во МТСП Санела Шкријељ, стои во соопштението.

Од кабинетот на Мизрахи потенцираат дека сето ова ги надминува границите на политичка коректност но и верба во капацитетот на кадарот Санела Шкријељ од СДСМ во насока на делување кон создавање амбиент за фер и демократски изборен процес, што е и целта на ваквиот дополнителен заменски министер. Воедно, ваквото делување и демонстрирање сила, отвора сомнеж за намерно блокирање на процесите на работа на МТСП, но и обид за сокривање на претходни недоследности од минатиот министер.

МТСП не смее да дозволи нефункционирање на сопствениот систем што би довело до последици кои директно ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија. Вработените во МТСП не смеат да бидат жртви на партиската агенда на СДСМ и нивниот кадар дополнителниот заменик министер во МТСП, Санела Шкријељ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.