Автомобилската индустрија е една од најпогодените индустрии на глобално ниво од глобалната пандемија на Ковид-19. Постоечките околности со промената на технологиите на погонските системи и можностите за електрификација, автономно возење, „оn-demand“ или „shared“ возила, како и конектирани возила и се уште недоволната дефиниција која од овие технологии и со кое темпо ќе бидат имплементирани на глобално или регионално ниво, како и се поголемиот број на млади луѓе кои имаат поважни приоритети од купување возило, доведоа до намалена продажба на возила.

Ова е тренд кој стана реалност уште пред пандемиската криза, односно од 2018 година, пишува Виктор Мизо, директор на „Костал Македонија“ и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство во рамки на Советот на странски инвеститори во колумна за порталот „Извоз.мк

Сега сите овие ефекти се дополнително мултиплицирани како резултат на евидентниот остар пад на глобалната побарувачка за автомобили како резултат на глобалната пандемија, но и економската рецесија низ која ќе помине светот во 2020 година, а во некои региони и подолго.

Реално гледано, кризата удри по индустријата уште од средината на јануари годинава, кога ефектите на пандемијата во Кина и неможноста да се испорачаат неопходните компоненти на време и во доволни количини согласно глобалните потреби.

 

Најостриот пад се случи во април и мај, посебно кога поголем дел од Западна Европа и САД, Мексико беа под карантин и кога сите фабрики за производство на автомобили во период од неколку недели го стопираа своето работење.

 

Претходно, тоа беше случај и во Кина, Јапонија и Јужна Кореја, а тој тренд се уште е присутен во Индија и Латинска Америка. Што значи дека кризата и ефектите не се случија истовремено и рамномерно во целиот свет, пишува Мизо.

Европската автомобилска индустрија најдолго ќе се опоравува

Во моментов веќе се чувствуваат конкретни и позитивни сигнали за раст на ново регистрирани возила во Европа за јуни и јули, но ова е далеку под резултатите од истите месеци лани. Овој раст се должи пред се на субвенциите за купување на нови, претежно е-возила или „plug-in hybrid“, но тој не е рамномерен и се уште не може да се потврди тренд кој би бил присутен континуирано до крајот на годината.

Нормално, останува да се види каква ќе биде состојбата и апетитот за купување на нови возила за време на вториот бран од пандемијата кој се најавува за есенва  и соодветните мерки, како здравствени, така и економски, кои ќе бидат преземени, пишува Мизо.

Цела колумна на следниот Линк. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.