Факт è дека состојбата во автомобилската индустрија е критична. Сите медиуми и професионални организации во светот известуваа за ова, но кај нас некако не се посвети доволно внимание на проблемот со микрочипови. Последните прогнози се дека идната година во светот ќе се произведат 8,45 милиони помалку возила или 9,3% помалку од планираното. Во 2023 година оваа бројка ќе биде за околу 1 милион или 1,1% помалку од планираното, изјави Виктор Мизо, претседател на Асоцијација на  на компании со технолошки напредно производство и прв човек на Костал од Охрид

За Европа се очекува дека дури по 2028 година ќе се достигне највисокото преткризно ниво на произведени автомобили од 2018 година, вели тој.

Според него, ова е вистинскиот момент во кој треба сето она што подолг временски период се предлага и дискутира да биде преземено и реализирано без никакви натамошни одложуввања и дополнителни бирократизации.

Тука пред се е исполнувањето на инфраструктурните обврски кон компаниите, усогласување на царинските стапки за увоз на репроматеријали со оние во ЕУ, прецизирање на правилата за давање на државна помош, имплементација во државата на најновите глобални сметководствени и финансиските стандарди, поголема флексибилност во работните односи, олеснување на пристап на странски државјани на пазарот на труд, како и можеби најважниот императив – професионализација на надлежните институции за работа според меѓународни бизнис правила и норми: транспарентност, брзина, отчетност, интегритет. Дополнително, неопходно е да се поддржат компаниите од секторот за да го пребродат овој кризен период на начин кој ќе ги балансира оперативните трошоци во услови на намалени нарачки. Неопходни се мерки кои најпрвин ќе придонесат за задржување на бројот на вработени, а подоцна ќе дадат стимул за подобрување на нивната конкурентност, изјави Мизо за Извоз.мк“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.