Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, и членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска Војновиќ и проф.др. Трајко Славевски оствари средба со Жак Миниан, шеф на мисијата на ММФ за Македонија и Стефани Ебле, регионален претставник за Западен Балкан.

На средбата беше потенцирано дека Македонија има тешка економска состојба, растечка корупција и отсуство на реформи за подобар живот.

 

-Ковачевски ниту има тим, ниту концепт како, и наместо напредок, Македонија со години стагнира, и инфлацијата во изминатите години беше една од највисоките во Европа, истакна на средбата претседателот Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека македонската економија треба да се отвори за инвестиции и соработка со релевантните меѓународни институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.