Сакам да ги уверам граѓаните дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати цената на струјата со тенденција да ја намали кога ќе почне новиот период на регулирање на цената, а тоа е од први јануари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во своето интервју за централниот Дневник на телевизија Сител.
Но, додаде Мицкоски, сакам исто така да потенцирам „дека универзалниот снабдувач, а кој претходно имаше маржа 11 проценти, сега има маржа 9,9 проценти, што значи дека кога сето тоа ќе се стави во конечната формула очекувам да нема поскапување на цената на електричната енергија за крајните корисници“.
Според Мицкоски друг проблем е што цената на дистрибуцијата, тоа е ниско напонското ниво на кое исто така е ЕВН сопственик и цената на преносот каде е МЕПСО, односно државната компанија МЕПСО се нивелираат еднаш годишно.
„Тоа е на почетокот на годината, не може сега да ги нивелираме односно на пола година. Само цената на електричната енергија со која што компанијата која конкурира на тендерот ја испорачува до снабдувачот може да се нивелира. Тоа е во случајот ЕСМ. ЕСМ нема според закон обврска да испорача 100 проценти, дури нема обврска николку проценти да испорачува Поентата е дека сето она кое сега се случува може да се корегира и ќе се корегира на први јануари“, вели Мицкоски.
Јас жалам, укажа Мицкоски, што експерти кои велат дека би можела владата сега да прави промени.
„Јас би сакал да слушнам како е тоа решение и одма ќе го имплементираме ама да не го загрозиме снабдувањето на потрошувачите. Ако се прекине тендерот ќе го загрози снабдувањето на потрошувачите затоа ветувам дека при следно нивелирање на први јануари истата ќе биде вратена со тенденција да ја намалиме“, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.