При денешната посета на Општина Охрид по повод православниот празник Богојавление-Водици претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за негов коментар за тоа дека од СДСМ велат дека има вишоци на струја и дека наместо загуби се бележат позитивни резултати во енергетскиот сектор, истакна дека од 230 милиони евра потрошени пари од ЕЛЕМ минатата година, 50-тина милиони евра завршиле во приватни џебови.

230 милиони евра потрошени минатата година народни пари ЕЛЕМ од тие 50тина милиона завршија во приватни џебови преку тендери во четири очи. Акумулациите се на минимално ниво, односно како што досега никогаш не биле на историски минимум. Само последните месеци половина од минатата година увезоа за 50 милиони евра струја и сега СДСМ зборува за вишоци“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека по промената на власта одговорност ќе има за раководството на АД ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, и тие луѓе силно ќе одговараат за ова што и го прават на Македонија и македонскиот народ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.