Нелогично е да зборуваме за кратење на плати кога еден куп нови авторски договори се потпишуваат од страна на 65 државни институции, истакна во вечерашната „Клик Плус“ на ТВ21 телевизија, потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, зборувајќи за кратењето на платите на администрацијата.

Добиваме различни изјави деновиве пред неколку дена слушнавме дека буџетот е во одлична кондиција, подоцна слушнавме дека фалат дека 1.3 милијарда ерва, сега од Кочо Анѓушев слушнавме дека ќе фалат 2 милијарди евра. Со две недели криза немаме доволно пари во буџетот, а од друга страна слушаме дека сме најдобри во Европа на секој можен план, вели Мисајловски.

Тој вели збориме дека треба да ги скратиме платите во администрацијата, а денеска видовме дека еден куп нови договори, авторски договори со многу институции во Македонија се потпишуваат.

65 институции потпишуваат нови договори за да се вработат нови луѓе, од каде потребата за тоа? Зошто се трошат 15 милиони денари во општина Гази Баба и 11 милиони денари во општина Ѓорче Петров, велиме дека мора да се скратат платите а денеска имаме многу нови договори?, праша Мисајловски.

Тој истакна дека има вработени во администрацијата кои земаат годишно над 30 илјади евра, а обичен вработен администртарција на годишно ниво зема 3-4 илјади евра и не можете да ги споредите, нема да можеме утре да ги мотивараме граѓани да трошат, треба да бидеме реални.

ВМРО-ДПМНЕ дава одлични предлози и мерки коишто треба да се спроведат, и стои на располагање на владата, но граѓаните треба да ја знаат реалната слика затоа што се соочуваме со ситуација со недостаток на ракавици и опрема за медицинскиот кадар, истакна Мисалјовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.