Оваа влада ветуваше дека во јануари оваа година 18.000 денари минимална плата ќе биде реалност. Еве завршува месецот, а од ова ветување нема ништо, рече во емисијата „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Гледаме дека министрите кои се задолжени за ова прашање бегаат од темата. И кога ќе видите дека ова прашање почнува да се дебатира они почнуваат со некој нивни балон да се смени темата. Платата колку и да биде фитивно тоа зголемување, најголемиот проблем е тоа што потрошувачката кошничка во Македонија е поскапена. Сите производи се со зголемени цени и природно е да се зголемува платата, бидејќи со таа плата не може целосно да се издржи. Јас сум за да се зголеми платата, но дали тоа може да го издржат и компаниите? Имате покачување на струјата, а владата не им помага на стопанствата, не помогна на ниту еден стопански субијект, истакна Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.