Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешната средба со жителите на Чаир, прашан од страна на новинари за големиот револт кај тутунарите кои се жалат за откупот на тутунот, рече дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на тутунарите. Тој истакна дека не смее власта да си поигрува со трудот на тутунарите кои чесно и напорно се мачат да си го заработат лебот.

Тутунарите ја имаат целата поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, се разбира и од пратеничката група. Ова го говорам затоа што пред извесно време ние поддржавме закон во Собранието, зборам токму поради нас помина тој закон затоа што немаше кворум во Собранието. Но, ВМРО-ДПМНЕ гласаше за да се продолжи рокот за откуп на тутун, но како што можам повторно да слушнам цените се многу ниски. А тоа се случува поради одреден увоз на тутун од одредени земји. И тоа тутунарите го знаат. Оваа власт крие и сака да сокрие дека нивни структури шверцуваат тутун или го носат тука, го увезуваат за да го продаваат, дециден е Мисајловски.

Затоа да не си поигруваат со тутунарите, рече тој, бидејќи тие се луѓе работници кои сакаат само трудот да им се плати и она што го сработиле да им се исплати.

И ние како пратеничка група ќе настојуваме и во иднина да се врати она старо законско решение каде што навистина тутунарите имаа поголеми права и со кое решение тие ќе добијат поголема и реална цена за тутунот. Затоа повторувам ВМРО-ДПМНЕ е целосно на страната на тутунарите, изјави Мисајловски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.