Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски побара од потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири да наведе само еден проект кој во целост го реализирала оваа влада.

Реформите се прават за граѓаните, вие три години што правите? Кажете ми едно ветување што сте исполниле. Кажете ми еден километар автопат што вие го имате зацртано, испроектирано, тендерирано и отпочнато со градба. Дали знаете пет инвестиции во овие 3 години што дошле во Македонија, до каде е Клиничкиот центар, до каде е мостот од Влае до Волково што го ветувавте, водоводот од Липково до Куманово, каде е студентскиот град во Скопје? Нема да ви контрирам, пофалете се до каде сте, кажете им на граѓаните. Кажете ми само еден проект што е ваш, комплетно ваш, а јас ви гарантирам дека ќе го пофалам. Ќе кажам секоја чест до цела Влада, инсистираше Мисајловски во ТВ-дебатата со Зекири на ТВ 24.

Ако некогаш се градело, сега се гради. Што ви е на вас бе човече, што зборуваш бе, што ми зборуваш бе, одговори Зекири вознемирено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.