Во вчерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија на тема “Ќе ја распадне ли коронавирусот македонската економија”, екс министерот за финансии Кирил Миновски, кој има 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси вели дека во услови кога е се поизвесна економската криза, треба да се однесуваме рационално, од секој аспект, па и од аспект на штедењето на енергијата. Така да мерки на штедење се неопходни, пред се на она што сметаме дека е нерационално трошење во дадени моменти.

Доколку ги анализираме решенијата што ни ги нудат меѓународните финансиски институции, и денешната изјава на директорката на ММФ Кристалина Георгиева, гледаме дека едно од суштествените прашања за надминување на економската криза е токму стимулирање на потрошувачката. Меѓутоа се разбира, не на секаков вид на потрошувачка, но на таа што ќе овозможи креирање на додадена вредност и развој на економија – посочи Миновски.

Околу проблемот со агрегатот на побарувачка и како тоа ќе влијае на стабилизирање на економијата и намалување на штетните последици на економијата според Миновски, е едно од суштествените прашања во економијата е пред се во решавање на кризите е решавање на таканаречената агрегатна побарувачка.

На едноставен начин, на секој кој што учествува на пазарот на трудот, на секој вработен меѓутоа и на секој сопственик на бизнис, јасно му е дека на пазарот постои понуда и побарувачка. Најчесто понудата треба да се прилагодува на онаа побарувачка која што постои на пазарот. За да може економијата да се движи, неопходно е да постои побарувачка. Во случај на кризи, како во 2008 и 2009-тата година, неопходно е да се вбризгаат дополнителни средства во економијата за да може потрошувачката да остане на исто ниво и да не застане економијата. И оние кои нудат услуги да имаат купувачи. Во спротивно, доколку немаме доволна потрошувачка ќе имаме стагнација на економијата- изјави Миновски.

Затоа тој вели дека е против намалување на платите во јавната администрација на 14.500 денари. Тоа ќе влијае и врз мотивацијата на вработените во овие кризни моменти.

Во Република Турција на пример, сет мерките се пакет од 15.4 милијарди евра кои ќе се вбризгаат во економијата, пакет кој што не е наменет исклучиво за компаниите, туку и за економскиот стандард на граѓаните. Во САД пакетот изнесува 2.200 милијарди долари, за директна поддршка на животниот стандард на населението. Слични програми има и во останатите земји -рече Миновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.