Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ја демантира изјавата на Сојузот на Синдикати на Македонија во која тврди дека усогласувањето на минималната плата ќе се одложи за наредната година односно за 2022 година.

Усогласувањето на минималната плата ќе се направи во согласност со Законот за минимална плата и предвидените критериуми, најдоцна до оваа среда, 31 март 2021 година.

За таа цел наредната недела ќе се одржи и седница на Економско социјалниот совет.

Министерката Јагода Шахпаска за ниту еден медиум и во ниту една прилика не дала изјава дека ќе биде одложено усогласувањето на минималната плата – велат од Министерството.

Оттаму велат дека тоа е законска обврска која целосно ќе биде спроведена.

Во однос на примената на измените на Законот за работни односи во делот на недела – неработен ден, ставот на Владата на Република C. Македонија, уште на самиот почеток  беше јасен и прецизен, а тоа е дека законските измени ќе почнат да се применуваат по завршувањето на здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата Ковид-19 – наведуваат од МТСП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.