Министерката за финансии Нина Ангеловска во гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на Алсат истакна дека јавниот долг за 2020 година е проектиран на 52,3 % додека за 2019 година 51, 7 % но како што кажа министерката тие очекуваат годината ја завршат со понизок процент од проектираниот а тоа е 49, 4 %.

И покрај ваквите бројки факт е дека јавниот долг до крајот на годината ќе се зголемува, а на тоа алармираа и голем број на економисти и експерти кои велат дека вака високиот јавен долг е опасен по и онака слабата македонска економија.

Инаку, над 50 % јавен долг од БДП е алармантна бројка и ја надминува психолошката граница што е многу опасен факт за економија каква што е македонската тврди експертската јавност.

Дополнително владата пред да дојде на власт алармираше и на јавен долг од 41 % од БДП и го коментираше како опасен и катастрофален додека сега уверува дека нема простор за загриженост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.