Имала ли министерката за финансии, Нина Ангеловска, интерни информации дека Еуростандард ќе пропадне за да си ги извади парите навреме, прашуваат од телевизиjа „Алфа“.

Како што објавуваат од телевизијата, Нина Ангеловска ги повлекла парите од Еуростандард во јануари и јуни годинава.

Тоа значи дека последната промена на состојбата на нејзината сметка е направена само два месеци пред Народната банка да и ја одземе дозволата за работа на Еуростандард банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.