Минатата година, поради воведувањето на физичката дистанца како мерка за спречување на ширење на коронавирусот, повеќе луѓе почнаа да работат од дома отколку порано, а според податоците на Евростат, 12 отсто од вработените на возраст меѓу 20 и 64 години работеле од дома во земјите од Европската унија.

Тоа е двојно повеќе од годишниот просек за последната деценија, што е околу пет до шест проценти.

Финците работеа претежно од дома, така што во главниот град Хелсинки, дури 37 проценти од вработените ја вршеа својата работа од дома.

Во Виена, делови од Ирска, Данска, Франција, Холандија, како и во Луксембург, речиси секој четврти вработен работел главно од дома.

За разлика од овие земји, работата од дома беше многу помалку застапена во регионите на истокот и југот на ЕУ, така што во Хрватска, Кипар, Летонија и Бугарија, на пример, помалку од пет проценти од вработените работеа од дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.