Пратениците Антонио Милошоски и Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ денес во Струга разговараа со стопанствениците од градот.

Главната тема ќе биде лошата економска состојба, она што не загрижува е дека во 2020 година во Македонија имаме 6200 компании кои згаснале и за жал 1200 компании затвориле на сопствено барање. Тоа е потврда дека владата има лоши економски политики чиишто резултат се нови 55000 невработени. Од тие 55000 невработени во Струга имаме 4950 невработени лица што за самиот град претставува голем товар и ја влошува економската ситуација. Затоа сакаме од стопанствениците да побараме совет, мислење и препораки на кои начин преку Собранието можеме да им помогнеме да се подобри оваа лоша состојба, изјави тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.