За време на расправа на седница на Собранието на Република Македонија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Антонио Милошоски и посочи на гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска и посочи дека 29 фирми кои се блиски до семејството Заеви, меѓу која и фирмата „Сара инженеринг“ која е фирма на Вице Заев, „Глобал Медиа Груп“, како и „Тритерол“, бизнис партнери на Зоран Заев како поранешен градоначалник, со месеци наназад не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка.

Овие 29 фирми блиски до Заеви, меѓу кои и фирмите кои се во нивен посед, оствариле добивка од Еуростандард банка 12,8 милиони евра поради неплаќањето на кредитите, на штета на штедачите кои имале средства во Еуростандард банка.

Милошоски и посочи на Бежовска дека таа требала да ги знае овие информации од ревизиите, особено од 22 мај, кога е воведен дневен надзор над банката.

Милошоски ја праша гувернерката, зошто дозволила овие 29 фирми блиски до Заеви да не ги плаќаат кредитите и да остваруваат добивка на грбот на штедачите, како и дали за овие работи била информирана, а не реагирала?!

На тоа прашање, Милошоски не доби одговор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.